Вработување во Хотел Бистра - Шеф на кујна
20. December 2017
К.А.К Групацијата е долгогодишен лидер во туризмот управувајќи со Ресорт Маврово, која како резултат на зголемениот обем на работа, распишува конкурс за позицијата ШЕФ НА КУЈНА за Хотел Бистра.
Потребни квалификации на кандидатот:
- ССС-ВКВ,насока: готвач
- Минимум 5 години работно искуство
- Познавање на организацијата за приготвување храна во хотелиерството
- Познавање на англиски јазик
- Посебна здравствена способност (за работа во угостителство)
- Точно и одговорно извршување на работните обврски и почитување на работната дисциплина.
Работни обврски:
- Ја планира, организира и ја контролира работата во кујната и ги раководи работниците во кујната;
- Го контролира работното време и го авторизира прекувременото работно време и трошоците за работата;
- Одредува и воведува правила и стандарди во работата во кујната;
- Ги контролира трошоците на кујната според планираниот буџет;
- Го утврдува годишниот, сезонскиот и неделниот распоред на работата на работникот;
- Го контролира, оценува и го обучува персоналот во кујната;
- Обезбедува избалансираност на квалитетот на произведената храна, како и на општата хигиена.
- Се грижи работниците во кујната да ги користат договорените мери, како што е планирано во рецептите, во насоките за производство и во менијата.
- Ги истражува, ги развива и ги испитува основните производи, ги модернизира рецептите.
- Ги изработува сите калкулации за рецептите.
- Зема примероци и постојано ја проверува приготвената храна и не допушта да биде послужена онаа храна која не е во согласност со договорените стандарди.
- Ги решава рекламациите на гостите.
- Контактира со гостите – обиколувајќи ги сите маси во текот на вечерата
- Им подготвува и им издава рецепти (рецепти и насоки за производство) на сите оние кои приготвуваат храна
- Ги врши сите нарачки, вклучувајќи свежи производи: месо, риба, салата, овошје, зеленчук, сè во согласност со процедурите на списокот.
- Во договор со менаџерот на хотелот планира и воведува нови менија.
- Ги следи и ги контролира свежината и квалитетот на прехранбените суровини.
- Води и/или делегира обука на работното место – ги подобрува вештините на подредените
- Се поврзува со менаџерите на рестораните во врска со јадењата, пијалаците, рекламациите на гостите и со трендовите.
- Ги задолжува потребните артикли и прави пресметка на трошоците.
- Одговорен е за спроведување на мерките за управување со отпадот.
Хотел Бистра за оваа работна позиција нуди добри услови за работа, искусен тим во кујна, редовна плата и можност за натамошно напредување. Сите заинтересирани кандидати потребно е да пуштат CV на vrabotuvanje@bistra.com.