Вработување во Ресорт Маврово

02. Октомври 2018
Вработување во Ресорт Маврово

К.А.К Групацијата е долгогодишен лидер во туризмот. Групацијата располага и менаџира со следните организациони единици:  Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ), Ски центар ''Заре Лазаревски'' и Спортски Центар '''Маврово', с. Маврово.

Ресорт Маврово за престојната зимска сезона, за потребите на своето работење има потреба од персонал на следниве работни позиции:

 

1. Рецепционери/ки – со или без работно искуство, харизматична и позитивна личност, искуство со компјутерско работење и задолжително познавање на англиски јазик.

2. Букинг Администратор – Претходно работно искуство со резервации, дописи и административна

3. Асистент Менаџер – Задолжително хотелиерско искуство од мин. 3 години на менаџмент позиции.

4. Шеф на Ресторант – Задолжително работно искуство на истата позиција од мин. 3 години.

5. Келнери со најмалку двегодишно работно искуство во а ла карт ресторанско работење, задолжително познавање на англиски јазик.

6. Бармени/Шанкери со најмалку двегодишно работно искуство и задолжително познавање на англиски јазик.

7. Кувари со најмалку тригодишно работно искуство во а ла карт работење и познавање на домашната и интернационалната кујна.

8. Помошник кувар со минимум две години работно искуство.

9. Скараџии – Со претходно работно искуство од мин. една година.

10. Салатерки со и без работно искуство

11. Собарки – со и без работно искуство, одговорна и принципиелна личност.

 

Компанијата нуди:

- Редовна плата;

- Можност за напредување;

- Пристојно сместување;

- Оброци;

- Два слободни дена неделно;

- Годишни одмори соогласно законот

- Можност за постојано вработување

  

Сите заинтересирани кандидати треба да приложат кратка биографија со фотоградија на E-mail: vrabotuvanje@bistra.com со назнака за работната позиција за која аплицирате.

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

LeGrand Logo

Ski Mavrovo Logo