Вработување во Хотел Бистра - Шеф на кујна

20. Декември 2017

К.А.К Групацијата е долгогодишен лидер во туризмот управувајќи со Ресорт Маврово, која како резултат на зголемениот обем на работа, распишува конкурс за позицијата ШЕФ НА КУЈНА за Хотел Бистра.
 

Потребни квалификации на кандидатот:

  • ССС-ВКВ,насока: готвач
  • Минимум 5 години работно искуство
  • Познавање на организацијата за приготвување храна во хотелиерството
  • Познавање на англиски јазик
  • Посебна здравствена способност (за работа во угостителство)
  • Точно и одговорно извршување на работните обврски и почитување на работната дисциплина.

Работни обврски:

  • Ја планира, организира и ја контролира работата во кујната и ги раководи работниците во кујната;
  • Го контролира работното време и го авторизира прекувременото работно време и трошоците за работата;
  • Одредува и воведува правила и стандарди во работата во кујната;
  • Ги контролира трошоците на кујната според планираниот буџет;
  • Го утврдува годишниот, сезонскиот и неделниот распоред на работата на работникот;
  • Го контролира, оценува и го обучува персоналот во кујната;
  • Обезбедува избалансираност на квалитетот на произведената храна, како и на општата хигиена.
  • Се грижи работниците во кујната да ги користат договорените мери, како што е планирано во рецептите, во насоките за производство и во менијата.
  • Ги истражува, ги развива и ги испитува основните производи, ги модернизира рецептите.
  • Ги изработува сите калкулации за рецептите.
  • Зема примероци и постојано ја проверува приготвената храна и не допушта да биде послужена онаа храна која не е во согласност со договорените стандарди.
  • Ги решава рекламациите на гостите.
  • Контактира со гостите – обиколувајќи ги сите маси во текот на вечерата
  • Им подготвува и им издава рецепти (рецепти и насоки за производство) на сите оние кои приготвуваат храна
  • Ги врши сите нарачки, вклучувајќи свежи производи: месо, риба, салата, овошје, зеленчук, сè во согласност со процедурите на списокот.
  • Во договор со менаџерот на хотелот планира и воведува нови менија.
  • Ги следи и ги контролира свежината и квалитетот на прехранбените суровини.
  • Води и/или делегира обука на работното место – ги подобрува вештините на подредените
  • Се поврзува со менаџерите на рестораните во врска со јадењата, пијалаците, рекламациите на гостите и со трендовите.
  • Ги задолжува потребните артикли и прави пресметка на трошоците.
  • Одговорен е за спроведување на мерките за управување со отпадот.

Хотел Бистра за оваа работна позиција нуди добри услови за работа, искусен тим во кујна, редовна плата и можност за натамошно напредување. Сите заинтересирани кандидати потребно е да пуштат CV на vrabotuvanje@bistra.com.

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

LeGrand Logo