РЕСОРТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОРТСКИ ПРИПРЕМИ

СЕКОЈА УСПЕШНА СЕЗОНА Е РЕЗУЛТАТ НА ДОБРАТА ТРЕНИНГ ПРИПРЕМА ПРЕД ТАА ДА ЗАПОЧНЕ

Спортскиот центар Маврово е место за професионални тренинзи за елитните спортисти. Во летните месеци ви нуди одлични можности за атлетски припреми за вашиот тим со одлични капацитети за обука во живописното опкружување на Националниот парк Маврово. Идеалната надморска височина од 1.200 метри и одличните летни климатски карактеристики, му даваат на вашиот тим одлични можности за тренинг на отворен и затворен простор. Исто така, ви нудиме и тренирање  во планинските предели на повисока надморска височина од над 1500 метри. Спортскиот центар Маврово обезбедува природно изолирана, здрава животна средина што ги зголемува шансите за професионално усовршување и претворање на спортски групи во компактни тимови.

pripremi

 

ШТО НУДИМЕ

Во близина на Мавровското езеро, Спортскиот центар ви нуди надворешно фудбалско игралиште, мало бетонско кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште, како и ново опремена Спортска сала по сите светски стандарди која може да се користи за одбојкарски, кошаркарски и ракометни тренинзи, како и одделна просторија - фитнес сала. 

За време на вашите спортски припреми, ресторанот на хотел Бистра ќе одговори на сите ваши потреби и предвидени програми за исхрана на спортистите.

За време на вашиот престој во текот на припремите во еден од нашите хотели, имате можност да уживате и во Спа центарот кој нуди внатрешен базен, турска бања, џакузи, сауна и соба за масажа. Сите услуги кои ги нуди нашиот спортски центар, како и останатите објекти од ресортот, ќе придонесат вашиот тим во престојната сезона да постигни големи успеси и одлични резултати.

За повеќе информации околу спортскиот центар, термините и цените, контактирајте не на +38970372421.

Тимови во 2018

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

LeGrand Logo