MICE

МИЦЕ

Нов ден е, препуштете им се на малите животни задоволства. Секој хотел треба да има своја посебна атмосфера, треба да има своја душа.

Се посветивме на квалитетот на услуги од највисок стандард. Нашите соби, конференциска сала, барот, ресторанот и сета техничка опрема се достапни за вашите специфични потреби. Наша цел е да го направиме вашиот престој пријатен и незаборавен.

 

Ресторан и бар

Ресторан
Уште едно место каде што ќе бидете топло пречекани 

Во пријатниот ресторан, ви нудиме голем избор од исклучителни морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења. Ако не сте риболовец, но сепак уживате во се што доаѓа од морето, повелете.
Широк избор на јадења од земјата, подготвени за вас. Добра храна и вино за уживање во секое годишно време...

Бар
Место каде што можете да се опуштите. Придружете ни се во нашиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со вашите пријатели.

Базен и џакузи

Базен
Уште едно одлично место. За сите кои сакаат да се освежат имаме одличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот.

Кралско џакузи
Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи.

Фитнес центар

Доколку сакате спорт. За сите вас кои сакате спортски активности, ние имаме целосно опремен фитнес клуб за рекреација.

Сауна

И ако надвор ви студи...Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате со нашата сауна. Пространата сауна ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор.

Конференциска сала

Место за деловните луѓе. За вашите деловни средби ви ја нудиме конференциската сала. Опремена е со екран, флипчарт и ЛЦД според потреба. Има капацитет од максимум 40 места за седење во U форма. Нашите соби, сали за состаноци, барот, ресторанот и сета друга техничка опрема се достапни за вашите специфични потреби. Наша цел е да го направиме вашиот престој со нас пријатен и незаборавен.

Ратрак клуб и колиба

Ратрак клуб
Танцувајте цела ноќ на најголемите хитови на нашите врвни диџеи. Дојдете во клубот Ратрак и придружете ни се во забавата. Танцувајте цела ноќ и кога ќе стане премногу жешко, за вас ги имаме најдобрите пијалоци, класични и егзотични. Добра забава, среќни лица и супер атмосфера , сè тоа во совршен склад, за вашата совршена вечер.

Колиба
Уживајте во Маврово, воодушевувајте се на чистиот воздух и прекрасниот пејзаж, и посетете ја Трифкова Колиба, која нуди специјалитети на скара, сендвичи, безалкохолни и алкохолни пијалоци, чај и кафе.

Возбудувањето и предизвикот што го нуди планината, удобноста на хотелот, пријателскиот персонал и се останато, ќе ги задоволат вашите сетила.

Спорт центар

Спортскиот центар Маврово нуди неограничен пристап до различни рекреативни активности. Ова е ваш одмор и ние сакаме да добиете најмногу од него. Имате избор на многу спортски и релаксирачки активности.
Возбудувањето и предизвикот што го нуди планината, удобноста на хотелот, пријателскиот персонал и се останато, ќе ги задоволат вашите сетила.  

Умерената клима на пролет и пријатното лето им овозможува на сите спортисти да уживаат во сите атлетски дисциплини. Природната зелена боја на шумата и јасната сина на езерото се прекасен додаток на спортските структури кои се на највисоко ниво. 

Има бројни избори за атлетски и спортски активности; фудбалски игралишта, спортски терени, тениско игралиште, мини фудбал, одбојка, игралиште за кошарка, патеки за планинаски велосипедизам, патеки за пешачење, активности на отворено, како и во хотелите, како што се базен, сауна, џакузи и сала за фитнес.

Спортскиот центар Маврово е идеален за сите типови атлетски дисциплини.

Пицерија

Одморете се и уживајте во одличната пица и традиционалните пити со сирење и домашен јогурт.
Одличната атмосфера и амбиентот на хотелот Лоѓ ќе ги задоволи сите ваши сетила.


Добар апетит!

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

LeGrand Logo

Ski Mavrovo Logo